Поетска средба со Борче Панов во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска по повод најновата стихозбирка „Вдах“ на Борче Панов ќе се одржи поетска средба со авторот.

За неговото творештво ќе говори Владимир Мартиновски, а стихови ќе чита Александра Велинова.

Борче Панов е член на ДПМ од 1998 година. Автор е повеќе поетски книги како што се „Што виде Чарли од наопаку“, „Циклонско око“, „Стоп Чарли“, „Такт“, „Гатанка од стакло“, „Базилика на ракописот“ и „Заумна вечера“. Добитник е на повеќе книжевни награди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.