Поетска вечер со Гордана Михаилова-Бошнаковска

Поетска вечер со Гордана Михаилова-Бошнаковска
Поетска вечер со Гордана Михаилова-Бошнаковска

Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер организира книжевна средба со поетесата Гордана Михаилова-Бошнаковска, на која 20-ина поети ќе читаат стихови од нејзината поетска книга „Слики“ во издание на „Матица македонска“.

Гордана Михаилова-Бошнаковска (Битола, 1940) е авторка на стихозбирките: „Времето го нема“, „Писма“, „Влегување во Делта“, „Њујорксон“, „Нордиски љубовници“, „Планини од картонски кутии“, „Пораките на далечините“, „Толкување на морето“, „Докази“, „Допири суштини“ и „Мајките“.

Нејзини творби се преведени на повеќе странски јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на Струшките вечери на поезијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.