Од утре поевтин бензин

Бензин поевтин за 3,5 денати по литар од ноќеска на полноќ. Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 2 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69,00 ден/лит. Новата цена на Евродизелот ќе биде 51 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 39,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,404 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена и сега ќе изнесува 23,287 ден/кг.

Пониската цена на горивата се должи на пониската цена на нафтата на светските берзи во изминатиот 14-дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Моментално цената на Еуросупер БС-95 изнесува 71,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 е 73,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизелот изнесува 53,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 42 денара. Цената на мазутот изнесува 26,3 денари за килограм.