сабота, 14 јануари 2017  |  Вести денес: 32

Поевтинува регионалниот роаминг

За 17,2 процента ќе биде пониска цената за минута појдовен повик во роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. За 11,1 процент ќе се намали цената на СМС, а за 35,7 проценти на МB интернет.

od-denes-poevtin-roaming-pomegju-makedonija-srbija-crna-gora-i-bih

Поврзани вести

За 17,2 процента ќе биде пониска цената за минута појдовен повик во роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. За 11,1 процент ќе се намали цената на СМС, а за 35,7 проценти на МB интернет.

Ова, инаку, е второ намалување согласно договорот на регулаторните тела на четирите држави, што стапи во сила во јули минатата година, кога цената на минута појдовен повик во роаминг беше намалена за 73 проценти.

Од денеска, како што информираат од македонската Агенција за електронски комуникации, за минута појдовен повик ќе се плаќа 14,8 денари. За следната година е предвидено намалување од 14,8 денари за минута за појдовен повик на 11,7 денари, или за 20,2 процента.

По минатогодишното намалување на цената за СМС во роаминг за 54,5 проценти, годинава таа се намалува од 5,6 денари на 4,9 денари, односно за 11,1 процент.

Лани цената за 1 MB интернет беше намалена за 90 проценти, а од денеска ќе биде пониска за 35,7 проценти. Еден МБ интернет во малопродажба наместо  43,2 денари ќе чини 27,8 денари. Во јули следната година, согласно договорот, цената ќе се намали на 12,3 денари, односно за 55,7 проценти.

Најчитани вести