Македонија,Економија

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулторната комисија за енергетика.

Според најновата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалва за 1,5 денари по литар и од полноќ, овие бензини на пумпите ширум Македонија ќе се точат за 78,5 односно 80 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V)поевтинува за половина денар и еден литар ќе се точи за 67,5 денари. Половина денар ќе биде поевтина и нафтата за домачинство чија цена од полноќ ќе изнесува 56 дденари за литар.