петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 49

Поевтинуваат бензините и дизелот

Во следните две недели, еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 63 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 65 денари за литар.

benzin

Последни вести

Бензините поевтинуваат за три, додека дизел горивото доби цена пониска за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Во следните две недели, еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 63 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 65 денари за литар.

Новите цени на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за два денари, па така еден литар Еуродизел (Д – Е V) ќе чини 49 денари, додека новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) ќе биде 37,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот M – 1 НС се намалува за 1,145 денари за килограм и новата цена ќе биде 25,252 денари за еден килограм.

Најчитани вести