Поезијата на Никола Маџиров објавена на арапски јазик

Поезијата на Никола Маџиров е објавена на арапски јазик во списанието „Ал Араби Ал Аџед“. Избор од единаесет песни на Маџиров се проширија низ арапскиот свет преку објавата во еден од најчитаните независни арапски магазини, кој според написите во другите медиуми, го има променето пристапот кон уметноста и новинарството во арапскиот свет.

Поезијата на Никола Маџиров се објави и на грузиски во списанието на Асоцијацијата на писатели во Грузија, а е во печат за објава во превод на исландски и летонски јазик во Исланд и Летонија.