Погба достапен само со понуда од 80 милиони евра

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, откри дека клупските челници веќе ја дефинирале паричната сума која ќе ја побараат доколку на нивната адреса пристигне понуда за францускиот интернационалец Пол Погба.

„Во фудбалскиот свет нема ништо сигурно, денес си капитен, а веќе следниот ден стоиш на излезната врата. Секој фудбалер има своја цена, има реална и нереална цена. Точно дека ставот на Јувентус е дека Погба е иднината на овој клуб дека мора по секоја цена да остане во Торино. Сепак, се погласни се шпекулациите дека Јувентус може добро да заработи од продажбата на 21-годишниот играч за врска. Генералниот менаџер на “старата дама”, Џузепе Марота, веднаш ќе седне на преговарачката маса доколку се појави клуб кој е подготвен да одвои 80 мил. евра за обештетувањето на Погба”, изјави анонимниот извор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.