Погба ќе биде замената за Туре

Манчестер сити сезонава останува без освоен трофеј, а раководството на тимот ќе се обиде тоа да не се случи и догодина па затоа најавува нови големи трансфери. Јаја Туре е пред заминување од “Етихад”, па богатиот премиерлигаш како негова идеална замена го гледа Пол Погба.

Сити е подготвен да му понуди 70 милиони фунти на Јувентус, а на фудбалерот плата од 250.000 фунти неделно. Доколку се реализира овој трансфер Французинот ќе биде најскапиот фудбалер во Англија надминувајќи го ланскиот трансфер на Анхел ди Марија од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.