Погба најави атак на светската круна

Репрезентативецот на Франција и стандарден првотимец во дресот на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Пол Погба е убеден дека неговата репрезентација може да се закити со светската круна на престојниот Мундијал во Бразил.

„Ќе ми се исполни големиот сон, најпосле ќе бидам дел од еден Мундијал. Се надевам дека Франција ќе стигне до самиот крај, дека ќе ја освоиме светската титула во Бразил. Веќе сум навикнат на оваа ситуација, пред една година го освоив победничкиот пехар на Светското првенство за фудбалери до 21-година. Уште како дене сонував како ја претставувам мојата репрезентација на едно Светско првенство. Многу сум возбуден, со нетрпение го очекувам стартот на натпреварите од групната фаза”, изјави одличниот играч за врска.

Франција ќе се натпреварува во групата “Е”, каде за противник ги има селекциите на Швајцарија, Еквадор и Хондурас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.