Погба се уште го сонува дресот на Барса и Арсенал

Младиот фудбалер на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Пол Погба, откри дека уште од дете сонува како го носи дресот на каталонскиот гигант Барселона или тоја на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.
Репрезентативецот на Франција моментално важи за еден од најбараните и најпосакуваните фудбалери не денешницата, а сопствениците на ПСЖ се подготвени да одвоијат околу 50 мил. евра за неовите услуги.
“Одлично се чуствувам во дресот на Јувентус, но не можам да сокријам дека цел живот, уште кога бев дете, сонував како го носам дресот на Арсенал или тој на Барселона. Во тоа време, главниот збор и заштитен знак на Јувентус беа Зинедин Зидан, Давид Трезеге и Павел Недвед. Го имаа потребниот талент, ја имаа потребната класа, дисциплина, функционираа како целина”, изјави 20-годишниот играч за врска.