Поглаварот на Украинската православна црква побара оружје од САД

Поглаварот на непризнаената Украинска Православна Црква Филарет побара од САД да достават оружје во Киев за да продолжат борбите на украинската војска на југо-истокот на земјата, јавува Итар Тасс, пренесува Нетпрес.

Поглаварот Филарет, кој беше исклучен од Руската Православна Црква, вчера даде изјава за медиумите.

– Ве повикуваме да ги разгледате ветувањата што ги дадовте, им порача Филарет на конгресмените во САД.

Претходно Белата Куќа излезе со соопштение дека понатамошното доставување оружје во Украина само повеќе ќе го продолжи крвопролевањето во таа земја.

фото: ТАСС

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.