Погледнете го новиот спот на Калиопи

Погледнете го новиот спот на Калиопи
Погледнете го новиот спот на Калиопи

Во новиот спот на поп дивата Калиопи, се појавува и нејзиниот поранешен сопруг и долгогодишен соработник, Ромео Грил.

Ромео е комплетен автор на песната „Јутро“, која сега за сега има само српска верзија. Тие ја обновија соработката со учеството на Евровизија во 2012 година, по што следуваше албумот „Мелем“ кој по мерило на многумина од еснафот е мастерпис на кариерата на Калиопи.

Песната „Јутро“ е веќе трета нова песна која Калиопи ја издава годинава, секоја повторно во соработка со Ромео, и сето тоа навестува дека албумот е многу блиску.

Спотот е сниман во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.