Погледнете го новиот трејлер на филмот со Жарко Лаушевиќ

Погледнете го новиот трејлер на филмот со Жарко Лаушевиќ
Погледнете го новиот трејлер на филмот со Жарко Лаушевиќ

Актерот Жарко Лаушевиќ се враќа на големото платно. Тој е главен лик во филмот „Смрдлива бајка“, заедно со Јелена Џокиќ. Сценарист и режисер на филмот е Мирослав Момчиловиќ.

„Инспирација за оваа приказна најдов набљудувајќи бездомници како се држат за рака. Беше тоа една од најмоќната глетка која што сум ја видел. Ги следев некое време. Дваица јунаци, понижени, осудени, отфрлени од сите ја откриваат силата на љубовта во себе. Мојата намера е да се обидам да ги направам тие „невидливи“ луѓе, видливи, вели режисерот.

Премиерата на филмот е закажана за 25 ноември во Сава Центар.

Погледнете го трејлерот за ова необично остварување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.