Магазин

Погледнете Историско поаѓање на „Коста Конкордија“ на последно патување

Погледнете Историско поаѓање на „Коста Конкордија“ на последно патување

Урнатините на луксузниот брод „Коста Конкордија“ кој пред повеќе од две години доживеал несреќа кај островот Ѓило при што загинаа 32 лица, вчера е успеѓно подигнат и подготвен за одвлекување до бродоградилиштето во Џенова.

Р`ѓосаните урнатини на бродот тежок 114.500 тони и долг 290 метри, лежела на привремена подводна платформа која се потпирала од септември минатат година, кога крузер бил исправен.

Во денешниот дел на деликатните операции без преседан, впумпан е компресиран воздух во тенковите за да „Конкордија“ се подигне два метри.

493804_costa-concordia01foto-reuters_f

Според планот, од 20-ти јули „Конкордија“ би требало да се влече со брзина од две наутички милји на час во должина од околу 24о километри кон север, до пристаништето Џенова, кадешто би требало да стигне на 24 јули, доколку временските улови тоа го дозволат.

Трошоците за извлекување на пототнатиот брод до сега се проценети на околу 1,1 милијарди евра, вклучувајќи 100 милиони ева за расходување.

Луксузниот крузер, двапати поголем од „Титаник“, удрил во карпа кај малиот остров Ѓило во јануари 2012 година, после што се превртел со 4229 луѓе од 70 земји.

Против капетанот на „Коста Конкордија“ Франческо Скетин моментално се води судска постапка под обвиненија дека предизвикал бродолом и го напуштил бродот пред да бидат евакуирани патниците.

Телото на една од жртвите, индискиот конобар Расел Ребел, уште не сее најдени, а можно е неговите остатоци да бидат пронајдени во текот на извлекувањето на урнатините.