сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 40

Погледнете како изгледа новото руво на МОБ (ФОТО)

Македонската опера и балет вчера и денес со почеток во 20 часот организира Гранд гала-концерт со кој го промовира новото гледалиште и фоајето.

mob-2-640x369

Последни вести

Македонската опера и балет сезоната ја започна во целосно реновирана сала и фоаје, што ја вбројува оваа институција во една од најсовремено опремените во Европа.

Оваа реконструкција и модернизација на МОБ е за прв пат по нејзината изградба во 1983 година. Во салата има и нови столчиња со дисплеи на кои ќе има превод до 5 јазици. Само шест театри во светот имаат вакви модерни столчиња.

mob6

Македонската опера и балет вчера и денес со почеток во 20 часот организира Гранд гала-концерт со кој го промовира новото гледалиште и фоајето.

Вчера имаше ексклузивна програма на концертот, под мото „Чувството во живо…во ново руво“. Беа изведени од класични дела до музика од познати филмови. На сцената имаше голем број исполнители: оперски и балетски солисти, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл и детскиот хор „Фалсето“ при МОБ.

mob1

Меѓу бројните гости беа и претседателот на РМ Ѓорге Иванов, спикерот Трајко Вељаноски, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

mob2

mob3

mob4

mob5

mob7

mob8

ФОТО: МИА

Најчитани вести