Магазин

Погледнете како изгледаа Слаткар и Сања на нивната свадба

Погледнете како изгледаа Слаткар и Сања на нивната свадба

Весели младоженци, насмеани гости, одлична музика и нема зошто забавата да не успее. Ако уште меѓу сватовите и врие од музичари, тогаш нема сомнеж дека Сања и Слаткар ја имаа свадбата за паметење и прераскажување, пишува Вечер.

„Лесно е да ставиш прстен на рака, тешко е да го зачуваш“, рече поранешната убавица Сања Николиќ на синоќешната свадбена церемонија, одржана во еден скопски ресторан.

За атмосферата биле задолжени неколку бенда и музичари, имало од домашна, староградска музика, преку кавер изведби на странски хитови од 90-те години, се до хип хоп и рнб хитови. И, секако, најголемо изненадување бил мигот кога  Ферус го земал својот инструмент, засилен со блех оркестарот, изненадувањето на кумот.

211

Меѓу гостите куп познати фаци од Панчо – ДНК со сопругата, преку Јован Јованов, Ферус, Тајзи, Влатко Лозаноски, Дадар, Роберт Билбилов, до Весна Бејби Петрушевска, која дури и се фати за микрофонот…

141

132

121

92

72

ФОТО: Вечер