Погледнете кои делови од Скопје утре ќе бидат без струја

Без електрична енергија од 08:30 до 15:00 часот ќе останат корисниците од ул. Даме Груев  бр.36, од 09:15 до 15:00 часот  корисниците од село Семениште, од 08:00 до 11:00 часот фирмите во кругот на  поранешна Стаклара, од 11:00 до 15:00 часот  корисниците од ул. Тодор Чангов подулици: 51, 53, 55, 57, 59, од 08:30 до 11:00 часот корисниците на ул. Горно Лисиче во близина на школо Гоце Делчев, од 11:00 до 15:00 часот  корисниците од ул. Ангел Димовски бр. 8, од 09:00 до 10:00 часот  корисниците од село Злокуќани, од 12:30 до 14:30 часот  корисниците од ул. Малешевска подулица 1, од 11:00 до 13:00 часот  корисниците на ул. Трета Македонска Бригада и од 08:30 до 15:30 часот  корисниците од Породилно ЧАИР, Серава, Чешка Болница.