Погледнете за што ќе одговараат обвинетите за насилство врз полицијата

Судењето за обвинетите лица во насилните протести пред Владата започнува утре.

Обвинителството по прибирање на сите докази и факти поднесе обвинителен акт против 12 учесници во насилните протести. Дел од нив се наоѓаат во притвор.

Обвинетите за инцидентите и нападот на полициските службеници при што повредени беа 38 полицајци во насилните протести пред Владата, ќе бидат изведени утре пред судот. Насилниците со шипки, камења, шишиња, бекатон плочки и останати тврди предмети удираа по полициските службеници.

Министерството за внатрешни работи, кривична пријава поднесе против 18 лица за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“.