Погоден со шест сачми од ловечка пушка во градниот кош

Од МВР информираат дека А.Х. (51) слушнал пукање од ловечка пушка, а потоа почувствувал болка и крварење во пределот на градите и стомакот. Успеал  да дојде до патот каде со автомобил поминал Д.М. (37) од истото село, кој го однел во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош. Констатирани му биле повреди од шест сачми во пределот на градниот кош и абдоменот и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.