Македонија

Погодените од поплавите еднократно ќе добијат по 30.000 денари

Погодените од поплавите еднократно ќе добијат по 30.000 денари
Погодените од поплавите еднократно ќе добијат по 30.000 денари

На денешната специјалната седница на Владата за катастрофалните последици од невремето во Тетово, донесена е одлука погодените од поплавите првично да добијат по 30.000 денари помош.

Повеќе од 200 објекти, приватни куќи, државен имот, земјоделско земјиште и инфраструктура се оштетени во невремето што вчера го зафати тетовско. Сите жители кои претрпеле некаква штета ќе добијат помош од по 30.000 денари, соопшти вицепремиерот Владимир Пешевски.

Првичните проценки на координативното тело формирано од Владата, Општината и повеќе надлежни институции, додаде тој, се дека е нанесена огромна штета која ќе биде надоместена со заедничка помош и помош од Владата.

Првично ќе се изврши пребројување на сите семејства кои се зафатени од невремето кои веднаш ќе добијат еднократна парична помош во висина од 30.000 денари, а во текот на овој и следните денови ќе се прави проценка на штетата на секој објект и во зависност од тоа ќе бидат обештетени сите – рече Пешевски.

Формирано е посебно координативно тело, а има и тело за проценка на штетите.

Државата ќе интервенира во санација на државното како и приватното земјиште, а специјална комисија во рок од 1-2 дена ќе направи проценка за понатамошни чекори.

Груевски: Правиме се’ да им помогнеме на поплвените

Правиме се’ што е во наша моќ да помогнеме на луѓето во погодените места, мобилизирани се сите можни институции, изјави синоќа премиерот Никола Груевски од Tетово, каде што во невремето загинаа пет лица, десетици се повредени и направена е голема материјална штета.

Груевски: Правиме се' да им помогнеме на поплвените
Груевски: Правиме се’ да им помогнеме на поплвените

Груевски посочи дека веднаш откако ја примил информацијата за несреќата во тетовско со потпретседателот Владимир Пешевски, со министерот за одбрана Јолевски, министерот за внатрешни работи Чавков тргнале кон поплавените подрачја.

Бевме во Голема Речица, таму состојбата е лоша. Се видов со еден голем дел од месното население, ми раскажаа како точно се случило, дека всушност станува збор за излевање на реката заради надојдени води и дека има жртви. Во оваа прилика дозволете да изразам сочувство за семејства на жртвите. Слушнав дека најлоша е состојбата во Шипковица. После Голема Речица и средбата со граѓаните, дојдов овде во болницата каде поразговарав со директорот, ми кажа дека тука биле донесени две лица кои починале и уште девет повредени од кои едно е задржано овде во тетовската болница, другото е пратено за Скопје заради потешко повреди, рече Груевски.