Погодоците на Волтерс ја однесоа Ирска на ЕП во Франција2016

Волтерс со два гола ја однесе Република Ирска на ЕП во Франција

По ремито (1:1) во Зеница, Ирците вечерва славеа со 2:0 на домашен терен, со двата гола на Џонатан Волтерс.

Во 24-та минута, беше досуден пенал за домашната селекција откако Зукановиќ играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а Волтерс беше сигурен изведувач на најстрогата казна.

Во второто полувреме Република Ирска стигна до водство и од 2:0, а повторно стрелец беше Џонатан Волтерс. Тој зафати волеј удар откосо од десната страна и успеа да го надмудри Асмир Беговиќ.

Босанците не успеаја да одговорат на спротивната страна, Ибишевиќ ја погоди само гредата во завршницата, по што стана јасно дека селекцијата на Република Ирска ќе биде дел од Европското првенство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.