Поголемиот број Германци бараат Грција да ја напушти еврозоната

Поголемиот број Германци се изјасниле за т.н. „Грегзит“, односно за тоа Грција да ја напушти евро-зоната. Ова го покажува денешната анкета на политичкиот барометар на германската телевизија ЗДФ, според која 52 отсто Германци ја заговараат таа опција и сметаат дека владата во Атина е несериозна, пренесува Танјуг.

Тоа е за 11 отсто повеќе отколку анкетата од пред три недели, пренесуваат медиумите, наведувајќи дека уште 40 отсто од Германците сметаат дека Грција би требало да остане во евро-зоната.

Пред три недели за останување на Грција во евро-зоната се залагале дури 52 отсто Германци, покажува анкетата на ЗДФ, според која остатокот од граѓаните одговориле дека „не знаат“.

Освен недоразбирањата во врска со финансиската поддршка на Грција во санирањето на нејзините државни финансии помеѓу двете земји постојат недоразбирања во врска со репарацијата од Втората светска војна.

Германската влада пред неколку дена ги одби грчките побарувања во врска со репарацијата и оштетата за време на Втората светска војна и ги отфрли барањата на грчкиот министер за правда Никос Параскевопулос за заплената на германскиот имот во Грција.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека договорот за репарација со Германија од 1960-тата година не ги покрил главните побарувања на Грција, вклучително и надоместокот за уништената инфраструктура, воените злосторства и враѓањето на принудниот заем што нацистите и го земале од окупираната Грција, а никогаш не го вратиле.

Ципрас во праламентот рекол дека Грција ќе ги почитува сите обврски кон кредиторите, вклучително и кон Грција, но дека нема да отстапи од своите „неотповикливи барања за репарации од Втората светска војна“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.