ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Погребани удавените сириски деца и нивната мајка

Во сирискиот град Кобане денес беа погребани двете сириски деца и нивната мајка кои се удавија во обид да стигнат до Грција.

Тригодишниот Ајлан и неговиот брат, беа меѓу 12-те сириски бегалци кои загинаа неделава во обид да стигнат од Турција до грчкиот остров Кос. Снимките на тригодишниот Ајлан го обиколија светот.

Погребани удавените сириски деца и нивната мајка
Погребани удавените сириски деца и нивната мајка

Таткото на децата Абдулах Курди присуствуваше на погребот во Кобане. Тој изрази надеж дека загинувањето на неговото семејство ќе ги поттикне арапските држави да им помогнат на сириските бегалци.

– Барам од арапските влади, не од европските земји, да видат што се случи со моите деца и заради нив да помогнат на луѓето, истакна Курди.

Трагичната приказна за двете сириски деца исфрлени на брегот на Турција

Трагичната приказна за децата бегалци исфрлени на брегот на Турција, како и фотографиите од нивните тела објавени на социјалните мрежи денес ја потресоа светската јавност.

Британски Телеграф, посвети поголемо внимание на браќата Ајлан и Галип Курди, чиишто тела вчера беа исфрлени на брегот на Турција, а чии фотографии предизивикаа бурни рекации и отворија вистинска дебата за случувањата со мигрантската криза во Европа која зема се поголем замав.

Фотографијата што го потресе светот
Фотографијата што го потресе светот

Вознемирувачките фотографии на малиот Ајлан не говорат само за состојбите во Европа во однос на бегалската или мигрантската криза, туку и за случувањата на Средниот исток.

Трагичната приказна за децата бегалци од Кобане

Во светските медиуми, заедно со фотографиите објавена е и трагичната приказна за децата бегалци исфрлени на брегот на Турција. Ајлан и Галип заедно со нивното семејство бегале од Исламска Држава. Тригодишниот Ајлан и петгодишниот Галип бегале од нападите во Кобане, заедно со нивната мајка Рехан и таткото Абдула. Тажно, но во вчерашната трагедија животот го загуби и нивната мајка. Таткото ја преживеа несреќата, но, како што пренесуваат светските медиуми, изјавил дека ќе се врати во Кобане, за таму да го погреба своето семејство.

Погребани удавените сириски деца и нивната мајка
Погребани удавените сириски деца и нивната мајка

Покрај тоа, во дел од медиумите се појавија информации дека семејството претходно поднело барање за азил во Канада, но биле одбиени. Теема Курди, која живее во Ванкувер повеќе од 20 години за Отава Ситизен изјавила дека семејството поднело барање од типот „Г5“, односно приватно спонзорирано барање за азил, пренесува Телеграф.

Порталот известува дека барањето било одбиено во јуни годинава, поради компликациите што се вклучени кај барањата за азил од Турција.

Погребани удавените сириски деца и нивната мајка
Погребани удавените сириски деца и нивната мајка

Порталот нагласува дека ова е така, затоа што ОН не ги забележува сириските курдски бегалци во Турција како бегалци, а Турција не им издава на бегалците визи за излез.

Се обидував да им помогнам и моите пријатели и соседи ми помогнаа со банкарските депозити, но не успеавме да ги извлечеме, и затоа отидоа на бродот. Јас дури им плаќав кирија во Турција, но начинот на кој ги третираат Сиријците таму е ужасен, вели Теема.

Погребани удавените сириски деца и нивната мајка
Погребани удавените сириски деца и нивната мајка

Британски „Телеграф“ исто така успеа да објави фотогфрафии на среќните моменти на двете дечиња, кога биле исполнети со живот и надеж.

Инаку, бегалците се почесто се обидуваат да го поминат Егејското море помеѓу турскиот полуостров Бодрум во грчкиот остров Кос. Оддалеченоста помеѓу овие два острови е само 4 километри и станува збор за еден од најкратките водени патишта помеѓу Турција и Европската Унија. Повеќе за ова на следниот линк.