Спорт

Погребан фудбалерот Давиде Астори

Погребан фудбалерот Давиде Астори

Во Фиренца денеска беше погребан фудбалерот и капитен на „Фиорентина“, Давид Астори (31), кој почина од срцев удар во саботата пред натправар на неговата екипа. На погребот пристигнаа и легендите на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти, Пипо Инзаги, Марио Балотели и други.

Хрватскиот фудбалер Милан Бадељ во име на „Фиорентина“ одржа говор пред базиликата на „Светиот крст“, со кој се простија од својот капитен.

– Драг Давиде, зборувам во име на своите соиграчи и на виолетовото семејство. Твоето има на хебрејски значи „сакан“ и кога ќе видам сите овие луѓе кои се тука денес да ти покажат колку ти биле приврзани верувам дека ова е навистина твоето име…- рече Бадељ.

На погребот присуствуваше и делегација на „Јувентус“, предводена од генералниот директор Џузепе Марота, тренерот Масимилијано Алегри и капитенот Џанлука Буфонон. Тие од околу 7.000 навивачи на „Фиорентина“ и покрај големото ривалство добија голем аплауз.