Погребано детенцето кое намерно беше прегазено со автомобил

Куманово вчера беше обвиено во тага и болка, кога беше погребано малото момченце кое почина откако намерно беше прегазено со автомобил.

Овој настан ја потресе македонската јавност, а 4-годишниот Алмир А. беше испратен во вечното почивалиште.

За потсетување, настанот се случи минатиот викенд, поточно во саботата кога родителите на момчето пуштиле некого преку ред во Здравствениот дом Куманово.

Насилникот Бојан И. кој си доби и 30-дневен притвор, намерно по расправија го прегазил малото момче.

pogreb-ku-1

Родителите се здобија со тешки повреди, а Алмир за жал по една недела и покрај напорите на лекарите замина во смрт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.