Погрешни „бјути“ совети за нега на кожа

Постојат голем број погрешни информации и правила кои се однесуваат на негата на кожата и лицето, а кои постепено ги имаме усвоено, не знаејќи дека тие неповолно влијаат на нашето лице. Затоа ви советуваме што побрзо да се ослободите од нив.

Лојални сте само на еден бренд

Тоа е популарна маркетиншка тактика која го убедува купецот да ги купи сите производи од истата линија, бидејќи наводно тие заедно даваат подобри резултати. Веднаш заборавете на овој совет. Негата на кожата претставува долг процес кога треба да испробувате различни производи, токму затоа што дел од телото или лицето има свои специфични потреби.

Барате производи без хемиски супстанци

Иако имаат јасно истакната декларација дека се без хемикалии или потполно природни, станува збор за производи кои се продаваат благодарејќи на маркетинг. Вистина е дека нашето тело го чинат стотина хемикалии. Слично на тоа, познато е дека голем број природни производи предизвикуваат иритација на кожата. Голем број луѓе не знаат дека одредени конзерванси се неопходни за да се одржи квалитетот на производите.

Негата на кожата ја прилагодувате според староста и полот

Кожата е кожа. Не е важно дали сте маж или жена, или пак дали полните 60 години, бидејќи едноставно не постои волшебна формула која специјално е формулирана за вашата старост или пол. Точно е дека со стареењето организмот на мажите произведува повеќе масло, додека кај жените се намалува, но тоа повторно не е правило. Најлошата работа која можете да ја сторите за себе е слепо да се ставите во категорија во која не припаѓате. Во принцип, брендовите тоа го користат како можност да ја подигнат цената на линијата за нега на зрелата кожа, додека производите за мажи најчесто само се пакуваат и ароматизираат со мириси за мажи.

Верувате во фрази како „дерматолозите препорачуваат“

Се може да се препорача од страна на лекар или дерматолог, така да само одредени бјути производи истакнуваат одредени ветувања или потврда за квалитет. Тоа не значи дека тој производ е сигурен или добар. Всушност најчесто станува збор за нова или подобра формула, што е сосема нормално кога станува збор за развој и усовршување на производот. Едуцирајте се за состојките кои се ставаат во производот и сфатете дека вашите потреби се многу поважни отколку она што пишува на етикетите и пакувањата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.