недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Појадок за бездомните лица во Момин Поток

Пунктот за бездомници е поддржан од Град Скопје, а програмата за лица во трето доба покрај Градот Скопје е поддржана од Австрискиот Црвен крст, компанијата ЕВН Македонија и Даути компанијата.

bezdomnici

Последни вести

Во просториите на Пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје во Момин Поток, денеска ќе се одржи хуманитарно-волонтерска активност од старите лица за бездомниците.

Во чест на прогласувањето на скопјанката Агнеза Гонџа Бојаџиу во Светица Тереза, лицата во трето доба кои волонтираат во Црвен крст на Град Скопје ќе организираат појадок за бездомните лица кои го посетуваат овој Пунктот за бездомници.

Оваа активност претставува поврзување на две програмски активности на Црвениот крст на Град Скопје односно програмата за лица во трето доба, каде се поттикнува тие да негуваат активно стареење преку волонтерски активности и пунктот за бездомници кој функционира секој вторник и петок за бездомниците во Градот Скопје.

Пунктот за бездомници е поддржан од Град Скопје, а програмата за лица во трето доба покрај Градот Скопје е поддржана од Австрискиот Црвен крст, компанијата ЕВН Македонија и Даути компанијата.

Најчитани вести