Појасите со експлозив на напаѓачите во Камбрилс биле лажни

© AP Photo / Emilio Morenatti

Појасите со експлозив какови што носат џихадистичките бомбаши самоубијци, а кои биле пронајдени кај петтемина ликвидирани терористи во каталонското туристичко место Камбрилс биле лажни, изјави советникот на министерството за внатрешни работи на шпанската покраина Каталонија, Жоакин Форн за телевизијата 24 Horas.

Според Форн, тие не можеле да бидат детонирани. Тој потврдил дека терористите во возило „ауди“ влетале во толпа луѓе.

„Таму имаше патрола на Mossos (покраинска агенција на Каталонија за спроведување на јавниот ред – з.р.) …, започнала престрелка“, изјави Форн додавајќи дека биле ликвидирани „пет терористи, сите имале појаси слични на тие што ги носат бомбашите самоубијци со експлозив“.

„Припадниците на TEDAX (служба за неутрализирање на експлозивни средства – з.р) изведоа контролирана експлозија (на појасите), и беше утврдено дека експлозивите биле лажни“, изјави подоцна Форн во интервјуто за радиото Onda Cero.

„Можеме да кажеме дека станува збор за голема група терористи“, додаде претставникот на каталонското министерство за внатрешни работи, откако покраинската влада објави дека најверојатно има поврзаност меѓу ноќниот напад во Камбрилс и нападот исто така со фургон претходно попладнето во центарот на Барселона во кој беа убиени 13 и повредени уште 107 луѓе.

Дека појасите со експлозиви на петтемина терористи од Камбрилс биле лажни потвди и каталонскиот премиер Карлес Пуждемон за локалното радио.

Околу еден часот по полноќ кон петокот пет лица со автомобил „ауди“ прегазија луѓе во летувалиштето Камбрилс во обид да го повторат нападот од Барселона од вчера попладне.

Полицијата ги ликвидира терористите. Во нападот во Камбрилс беа повредени петмина граѓани и еден полицаец.