Покачувањето на платата на лекарите e од заштедата со тендерите за лекови

Министерот за зравство Никола Тодоров најави 25 % зголемување на платите од кои 4% доаѓаат од редовното зголемување на платите кое што го најавивме во програмата, 9,2 % е дополнителното покачување со ноемвриската плата и 9,2 % што ќе следи со февруарската плата. Се заедно излегува околу 25% покачување, истакна премиерот Никола Груевски на вечерашното гостување на вестите на телевизија Алфа.

Тој посочи дека покачување ќе добијат сите лекари специјалисти во клиниките во Скопје и ГБ„ 8 септември“.

-Парите главно доаѓаат од заштедите што беа направени на тендерот за инсулин и на тендерот за набавка на лекови. Ние го сменивме законот, направивме реформи, тоа го најавивме во нашата програма. Го најавивме во законот дека ќе направиме реформа и паралелен увоз со што ветуваме дека за истите лекови, истиот квалитет цената ќе биде пониска, државата ќе направи заштеда и со таа заштеда ќе инвестираме во нешто друго, истакна Груевски.

Првиот тендер што го објавивме, појасни Груевски,  беше централизиран со параленен увоз откако се смени законот.

-Во првиот тендер се објави набавка централизирана за 72 лека, односно секоја здравствена установа ги даде двата најфреквентни лека и двата најскапи лека . Вкупно 72 лека. Од овој тендер заштедата е 6 милиони евра  кои што 110 милиони  одат за покачување на платите во клиничкиот центар мајка Тереза ГБ„ 8 септември“ а другиот дел одат за санирање на неколку болници, посочи Груевски.