Спорт

Покетино нов менаџер на Тотенхем

Покетино нов менаџер на Тотенхем

Актуелниот менаџер на Саутемптон, Маурицио Покетино, најверојатно до крајот на следната недела и официјално ќе биде претставен како нов предводник на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.

Според англиските медиуми, аргентинскиот стручњак веќе ја прифатил понудата во следните три сезони да престојува на “Вајт Харт Леин”, а со потпишувањето на понудениот договор Покетино ќе си осигура годишна плата од 3.6 милиони евра.