Покетино задоволен со тоа што го има

Новиот предводник на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Маурицио Покетино, откри дека популарните “петли” нема да потрошат некоја посериозна парична сума за време на летниот преоден рок.

Од стартот на летниот преоден рок, Тотенхем ги осигура услугите на офанзивниот лев бек на Свонси, Бен Дејвис, а во следните неколку дена ќе биде комплетиран и трансфер на искусниот холандски голман исто така од редовите на Свонси, Мајкл Ворм, а “Вајт Харт Леин”, најверојатно ќе биде следната дестинација и на францускиот интернационалец од редовите на Саутемптон, Морган Шнаидерлинг.
“Јас сум задоволен со тоа што го имам на располагање, задоволен сум од изборот на фудбалери. Искрено, не очекувам некои големи промени за време на летниот преоден рок. Можно е да ангажираме уште неколку фудбалери во следните неколку недели, но нема да има многу промени. Нема да потрошиме некоја посериозна парична сума”, изјави Покетино.