И покрај апелот од семејството, денес во Куманово протест за малиот Алмир

И покрај апелот од семејството случајот со малиот Алмир да не се политизира денес сепак ќе се оддржи протест во Куманово.

Роднините претходно побараа да не се партизира случајот со малиот Алмир Алиу кој почина откако беше намерно удрен со автомобил. Роднините на четиригодишното дете, чија судбина ја потресе македонската јавност, претходно рекоа дека не поддржуваат протест, кој според нив, би можел да поттикне понатамошни инциденти или меѓуетничка омраза.

Сепак, и покрај апелот од семејството денес под мотото „Протест за правда„ невладината организација Зани (Глас) организира протест во Куманово, поради смртта на детето, кое минатата сабота беше прегазено пред здравствениот дом во Куманово.

Протестот ќе започне во 15 часот, пред поранешната зграда на ЗИК, а ќе заврши пред полицијата и судот во центарот на Куманово.

Алмир Алиу (4) почина во петокот попладе, како последица на сериозните повреди здобиени по удар со автомобил, поради банална расправија на неговиот татко и кумановец, пред здравствениот дом во Куманово.