Спорт

Покрај Македонија, за настап во Светската лига е одбиена и Словенија

Покрај Македонија, за настап во Светската лига е одбиена и Словенија
Македонија е одбиена за настап во Светската лига - надеж сеуште постои

Одлуката на ФИВБ станува контроверзна кога ќе се додаде дека покрај Македонија одбиен е и шампионот во Европската лига, репрезентацијата на Словенија.

Објаснувањето на ФИВБ било дека форматот на натпреварување од следната сезона ќе се промени, а учесниците се веќе регистрирани, односно истите репрезентации од претходната сезона. За проширување на лигата ФИВБ немала намера и покрај тоа што јасно стои во прописите дека шампионот од Европската лига има загарантирано место во Светската лига.

Најжестоко на оваа одлука реагирале Словенците кои се најмногу оштетени. Си го барале правото и заслужената награда по освојувањето на Европската лига, а во спротивно најавиле дека ќе поднесат тужба, односно дека случајот ќе го однесат на Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

Дали нашите момци "од втора" ќе успеа да влезат во Светската лига ?!
Дали нашите момци “од втора” ќе успеа да влезат во Светската лига ?!

Дискусијата застанала на тоа дека преговорите ќе траат и до петок треба да се даде одговор дали и како ќе се овозможи пропишаното право на Словенците.

Тука лежи и шансата на Македонија, бидејќи ако Словенија, сепак, добие право за настап, Светската лига би броела 33 репрезентации, а тоа е недозволиво и неизводливо за планираниот формат на натпревари. Тоа би требало да го искористи Македонија, па да ја пополни таа изнудена празнина.