Покрај политичката нестабилност во Украина, правата на инвеститорите се заштитени

Покрај политичката нестабилност во Украина, правата на инвеститорите се заштитени, изјави вршителот на должноста премиер на Украина, Сергеј Арбузов на отворањето на состанокот на кабинетот на министри, пренесе „РИА Новости“.

„Сакам да ве уверам дека независно од развојот на политичката ситуација, правата на инвеститорите се сигурно заштитени од важечкото законодавство на Украина. Ние се трудиме да им ги гарантираме на инвеститорите заштитата на нивните права“, рече Арбузов .

Тој изрази уверување дека во блиска иднина политичката ситуација во земјата ќе биде стабилизирана и политичкиот фактор ќе престане да влијае значително на економијата.