Покрај пратката со кафе добиле и кокаин

Берлинска компанија за пржење кафе покрај својата вообичаена пратка кафе од Бразил доби и пакување кокаин.

-Вработен во компанијата го отворил контејнерот и покрај кафето пронашол 33 килограми кокаин, соопшти берлинската полиција.

Како што пренесе „Франс прес“ полицијата го конфискувала наркотикот од пратката која од Бразил во германската престолнина пристигнала преку пристаништето Бермерхавен.