Македонија

Покренати обвиненија против петмина соучесници во нападот во Ница

Покренати обвиненија против петмина соучесници во нападот во Ница

Француското Јавно обвинителство доцна синоќа соопшти дека покренало обвиненија против пет лица поради вмешаност во нападот во Ница, при кој осомничен исламист со камион влета во толпа луѓе убивајќи 84 лица.

Како што јаву дописникот на МИА од Париз, според Обвинителството, тројца од нив, Шокри Ц., Мохамед Валид Г. и Рамзи А. се обвинети дека се соучесници во „убиство извршено од група поврзана со терористи“.

Покрај за ова дело, Рамзи А,, заедно со брачна двојка Албанци, Артан Х. и Енкелеџа З., се товари и за „крешење на законот за поседување оружје и за членство во терористичка група“. Овие тројца се осомничени дека учествувале во обебзедувањето на пиштолот со кој напаѓачот Мохамед Лахуеџ Булел, пукаше врз полицијата пред да биде убиен.

– Обвинителството покрена обвиненија за учество во терористичко злосторничко здружување со цел подготовка на едно или повеќе кривични дела за напад врз луѓе, за убиство и соучество во убиство од страна на организирана група, за обид за напад врз лица кои се носители на одговорност за јавниот ред, за набавување, поседување и пренесување на оружје во организирана група, изјави парискиот јавен обвинител Франсоа Молин. Според него, сите овие дела „се поврзани со терористички потфат“.

Молин нагласи дека четворицата мажи и жената биле „вклучени во подготовките“ на нападот, кој е планиран повеќе месеци, како и дека еден од нив го снимал местото на злосторството еден ден по нападот, иако таму се наоѓале голем број полицајци и новинари. Сите обвинети биле во контакт со Булел уште пред 14 јули.

Според Молон, убиецот „имал поддршка и соучество во подготовката и извршувањето на кривичното дело“. Тој посочи дека во периодот од една година биле регистрирани 1.278 повици меѓу убиецот и Мохамед Валид Г. Тој на 10 јануари 2015 година по нападите врз Шарли Ебдо на Булел му напишал: „Јас не сум Чарли … јас сум среќен. Тие ги донесоа војниците на Алах да ја завршат работата“.

Убиецот исто така, имал околу 150 телефонски контакти со Шокри Ц., кој во објава на Фејсбук во април минатата година му порачал: „натовари го камионот, стави 2.000 тони железо и ајде пресечи ги сопирачките мој пријателе и јас ќе гледам“.

– Врските меѓу напаѓачот и обвинетите за соучество, исто така, се докажуваат преку оружјето и камионот. Според Молин, на камионот се пронајдени отпечатоци на Шокри Ц. а фотографијата направена на 11 јули го покажува Мохамед Валид Г. во камионот.  – Булел го добил пиштолот од трите обвинети лица, рече Франсоа Молин.

– Напредокот во истрагата овозможи да утврдиме дека нападот бил со предумисла. Се чини дека Бухлел го планирал нападот неколку месеци пред преминувањето на дело, изјави Молин.

Тој посочли дека  полицијата при проверката на мобилниот телефон на Булел открила интернет пребарувања и фотографии кои потрдуваат дека тој го планирал нападот уште од 2015 година.

Иако групата Исламска држава ја презеде одговорност за нападот, сепак според обвинителот, не е утврдена врска меѓу напаѓачот и оваа терористичка организација.

Во нападот во Ница загинаа 84 лица, а над 300 беа повредени.