Македонија

Покренато е обвинение за случајот „Претседавач“

Покренато е обвинение за случајот „Претседавач“

Покренато е обвинение против сите 12 лица кои беа осомничени во случајот „Претседавач“.

Во петокот, Основното јавно обвинителство обвинението го покрена обвинението, откако заврши со истрагата, потврдуваат од  Кривичниот суд.

Во текот на истрагата продолжен е притворот за осуммина од обвинетите, меѓу кои е претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, неговиот брат, како и членови на Управниот одбор на „Машинопромет“, сопственици на фирми и еден функционер на УЈП.

Обвинети во „Претседавач“ се товарат  за злоупотреба на службената положба и проневера на 1,3 милиони евра.