Балкан

Покренато обвинение против монструмот кој ја уби Тијана

Покренато обвинение против монструмот кој ја уби Тијана

Jавниот обвинител во Суботица денеска покрена обвинение против Драган Ѓуриќ поради основано сомнение дека извршил силување и тешко убиство, пренесува Танјуг.

Како што соопшти Вишиот суд во Суботица, обвинението е поднесено и доставено до обвинетиот и неговиот бранител.

Обвинетиот и бранителот имаат осум дена да достават одговор на обвинението, по што следува испитување на обвинителниот акт.

На обвинетиот му е продолжен притворот за 30 дена поради опасност од бегство, опасност од повторување на делото, начинот на кој е извршено делото и тежината на кривичното дело.

Инаку, моснтрумот кој ја уби малата Тијана Јуриќ  беше уапсен ноќта меѓу 6 и 7 август минатата година. Тој признал дека го извршил ова кривично дело и ја одвел полицијата до местото каде што ја закопал жртвата.