Пол Мекарти ќе отпее неколку песни на свеченото отварање

Познатиот англиски пеач и композитор, поранешниот член на легендарните “Битлс”, Пол Мекарти ќе има биде дел од свеченото отварање на Светското првенство во Бразил. Домаќинот на најважниот спортски настан во 2014 година, како најстрога тајна ја чува информацијата околу церемонијата за свеченото отварање, бразилските медиуми открија неколку детали меѓу кои и дека Пол Мекарти ќе отпее неколку познати песни.

Џенефер Лопез, која ја отпеа официјалната химна пред неколку дена ги известила организаторите дека нема да присуствува на свеченото отварање поради личните обврски кои се неодложливи.