Пола Англија заинтересирана за Адам Лалана

Од ден на ден се поголем и поголем е бројот на клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на капитенот на англискиот премиерлигаш Саутемптон, Адам Лалана.

Ако до пред неколку дена, Манчестер Јунајтед важеше за прв фаворит кога е во прашање потписот на репрезентативецот на Англија, сега таквата улога му е дадена на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Иако, раководните лица на Саутемптон постојано повторуваат дека одличниот играч за врска не да ја смени клупската средина за време на летниот преоден рок, фудбалските стручњаци на Островот се убедени дека таквиот став лесно ќе биде променет доколку на нивата адреса пристигне официјална понуда за Лалана не помала од 25 мил. фунти.

Голема е веројатноста дека до стартот на летниот преоден рок, интерес за капитенот на Саутемптон да покажаат и раководните лица на Арсенал и Ливерпул.