Пола Европа заинтересирана за Мехди Бенатиа

Каталонскиот гигант Барселона е последниот клуб кој се вклучи во трката по потписот на мароканскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Мехди Бенатиа.

Централниот дефанзивец веќе подолг временски период важи за голема желба и на раководните лица на англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед, Челзи и Манчестер Сити.

Иако има статус на недопирлив на „Олимпико”, раководните лица на римската „волчица” сигурно ќе седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда за репрезентативецот на Мароко не биде помала од 12 милиони евра.

Побараното обештетување не би требало да претставува никаков проблем за заинтересираните клубови, но победник во оваа трка ќе биде тој кој на Бенатиа ќе му понуди годишна заработувачка од 4 милиони евра што е за 2 милиони евра поголема од таа што моментално ја заработува на „Олимпико”.