Спорт

Пола Италија заинтересирана за Паоло де Чеље

Пола Италија заинтересирана за Паоло де Чеље

Големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Интер е последниот кој демострираше интерес за офанзивниот резервен бек на Јувентус, Паоло де Чеље.

Поранешниот младински репрезентативец на Италија веќе изјави дека е незадоволен од добиената минутажа во новата сезона од Серија А и дека сака да си замине од Торино за време на зимскиот преоден рок и да игра за клуб во кој ќе има статус на стандарден првотимец.

Челниците на Јувентус, Де Чеље го имаат проценето околу 6 мил. евра, а освен големиот ривал Интер, интерес за неговите услуги покажаа и челниците на Рома, Лацио, Фиорентина, Севилја, Волфсбург, Вест Хем и на Тотенхем.