Пола милион луѓе побегнаа од градот за само еден ден

Помалку од еден ден им било потребно на борците на Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) да го завземат вториот по големина ирачки град низ кој минува најважната рута за извоз на нафта.

Во текот на случувањата избегаа половина милион луѓе вклучувајќи ја и званичната војска која ја обучуваше САД. Поголемиот број на луѓе побегнала кон Ербил, престолнината на ирачкиот Курдистан на северот од земјата. Исламистите вчера го завземаа Тикрит, родниот град на Садам Хусеин, ирачкиот лидер погубен во текот на американската окупација 2006 година.

Премиерот Нури ал Малики побара од ирачкиот парламент прогласување на воена управа откако неговата влада изгуби контрола над Мосул и делови од покраината Ниневе.

„Нема да дозволиме Мосул да биде под знамето на терористите. Цел свет ќе пати ако тероризмот се прошири“- тврди Ал Малики, и додава дека владата ќе ги наоружа цивилите кои се пријавиле да ја бранат „татковината и да го поразат тероризмот“.

Оваа изјава на премиерот за паравоените сили доволно говори во каква состојба се ирачките сили на безбедност кои формално ја превземаа грижата за редот во земјата после повлекувањето на американските трупи во декември 2011 година.

Ова е најголемо насилство во Ирак од 2007 година, а почнало кон крајот на минатата година кога ИСИЛ завзема делови од од градот Рамади, за да во јануари во нивните раце паднала Фалуџа.

Околу сите три светски градови се воделе битки за време на американската инвазија, со големи човечки губитоци. ИСИЛ не постоеше пред нападите на САД на Ирак.

Она што долгорочно би можело да има сериозни последици по безбедноста на регионот, а можеби и светот, е тврдењето на локалната курдска телевизија дека исламистите дошле во посед на околу 425 милиони долари и голем број златни полуги кои се ограбени од банка во Мосул, град од околу 1,8 милиони жители. ИСИЛ, чија цел е исламска држава на територијата на Ирак и Сирија, со оваа акција по богатство ја премина Ал Каеда, со која се разидени.