Пола Скопје без вода до 22 часот вечерва

Денес поголем дел од Скопје ќе остане без вода цели 21 час. Прекинот во водоснабдувањето што ќе трае од 1 часот по полноќ па се’ до 22 часот ќе настане поради технички зафати во водоводната мрежа.

Без вода се корисниците од Бардовци, Визбегово и индустриската зона покрај Качанички Пат, Шуто Оризари, Бутел 1, Бутел 2, населбата и селото Радишани, Кучевишка Бара, Чаир, населбите Скопје-Север и Топанско Поле. Без вода ќе бидат и касарната „Илинден“, високата зона на Кале во делот на Француски гробишта, високата зона на Гази Баба, населбата Железара, како и индустриските корисници во кругот на „Рудници и железарница“ и високата зона на населбата Автокоманда.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ им порачуваат на корисниците да обезбедат потребни резерви на вода. За сите други информации граѓаните можат да се јават во Дежурно-информативниот центар на „Водовод“ на телефонскиот број 02 3073-010.