Пола тон домашна ракија пронајдена во автомобил на неготинчанец

Неготинчанец бил фатен од полицијата со половина тон домашна ракија скриена во автомобилот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера  на улицата Херој Карпош во Крива Паланка при редовна полициска контрола, во автомобилот на 39-годишниот З.Б. од Неготино било откриено поголемо количество домашна ракија.

Полицијата соопшти дека станува збор за 500 литри ракија флаширана во пластични шишиња од по 1,5 литри и 2 литри.

Во автомобилот во кој се круимчарела ракијата, сопатник бил 32-годишниот П.Б.

По известување на Државниот пазарен инспектор, возилото во кое се наоѓала ракијата, како и лицата, се задржани заради понатамошна постапка.