Полагање цвеќе пред споменикот на Ченто

Здружението Следбеници на ликот и делото на Методија Андонов – Ченто денеска ќе одржи чествување по повод годишнината од смртта на претседател на на Президиумот на двете заседанија на АСНОМ, со кои е конституирана македонската држава.

Чествувањето ќе почне во 18 часот со полагање цвеќе пред неговиот споменик на плоштадот Македонија во Скопје, а еден час подоцна, односно од 19 часот, ќе почне панихидата во Соборниот храм.

Ченто починал на денешен ден во 1957 година во Прилеп. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје е осуден според Законот за кривични дела против народот и државата на казна затвор од 11 години. Од затворот е ослободен во 1955 година, а рехабилитиран е во 1991 година.