ФОТО: Поларен бран ги зафати САД

Бран од многу студен воздух познат како „поларен вртлог“ го зафати поголемиот дел од Соединетите Американски Држави, носејќи со себе историско ниски температури.

Beta-AP

На американскиот среден запад, температурите паднале под нулата, а сообраќајот се одвива отежнато поради силниот ветер и големата снежна покривка, која местимично достигнува и над 30 сантиметри.

Beta-AP

Властите ги затвориле училиштата во повеќе градови, вклучувајќи ги Чикаго, Сент Луис и Милвоки.

Beta-AP

Во Северна Дакота се измерени 35 степени под нулата, а во Медисон и Висконсин минус 21 степен. Метеоролозите предупредуваат дека поради студениот ветер температурата би можела да падне и под 50-от степен под нулата. Метеоролозите соопштиле дека студениот воздух, кој што се формира над Северниот пол или поларните региони и кој обично се задржува во Канада, овој пат пристигнува и до САД. 

Beta-AP

Снежните врнежи, силниот ветер и ниските температури, кои го погодија североисточниот дел на САД, однеле повеќе од 16 човечки животи.

Beta-AP

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.