Поларниот студ го замрзна источниот брег на САД

Поголемиот дел од американскиот источен брег во саботата утрото по локално време осамна на поларни студови и опасно екстремно ниски температури, откако ова подрачје почна да закрепнува по жестоките снежни виулици кои изминатите денови донесоа изобилство снег и силни ветрови.

Од северна Флорида преку Њујорк до Нова Англија, десетици милиони луѓе во текот на денот ќе се најдат на ударот на поларниот бран со температури до 40 Целзиусови степени под нулата.

„Тоа може да биде многу опасно. Секој незаштитен дел од кожата може да замрзне во рок од само неколку минути“, вели метеорологот Ден Пидиновски.

Бранот поларен студ доаѓа додека комуналните служби ги чистат сообраќајниците и градските улици од виулицата која истокот на САД го погоди во четвртокот и петокот, принудувајќи ги властите да затворат стотици образовни институции, главните аеродроми и железничките линии.

Пред да престане во петокот, првата голема снежна бира во 2018 година донесе ветрови со брзина до 113 километри на час, снежни навеви од повеќе од половина метар во делови на сојузната држава Мејн и околу 40 сантиметри во Масачусетс, објави националната метеоролошка агенција.

Бурата наречена „метеоролошка“ или „циклонска бмба“ поради острото паѓање на притисокот на воздухот, го привлекла студениот воздух од северот и така донела нов студен бран.

Бранот поларни студови и обилните врнежи предизвикаа најмалку 18 смртни случаи во последните неколку дена, вклучително и петмина загинати на патиштата во Северна Каролина и тројца во Тексас.

Градовите од Хјустон од Бостон ги зајакнаа напорите за згрижување на бездомниците во засолништа. Властите известија дека поради изложеност на студот починале тројца бездомници во Тексас. Околу 500 припадници на Националната гарда се мобилизирани поради помош на службите за итни интервенции по должината на источниот брег, вклучително и 200 во Њујорк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.