Македонија

Полесно до лекови за хронична терапија

Полесно до лекови за хронична терапија

13 лекови кои се на позитивната листа, од четврток ќе бидат  со намалена цена и до 62 отсто, а ќе се зголеми и бројот на лекови кои ќе бидат на товар на Фондот за здравство. Исто така, 29 генерики, освен постојните специјалисти, отсега  ќе може да ги препишуваат и болнички педијари, интернисти и  хематолози, со што се поедноставува процедурата за добивање на лекови.

„Се менува позитивната листа за околу 400.00о осигуреници.  Полесно ќе можат да ја добијат својата хронична терапија, а еден дел ќе можат да ги подигнат лековите со пониски цени. Се олеснува и процедурата за добивање на лековите“, вели директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева – Змејкова.

Новите 13 генерики без доплата се за пациенти со трансплантирани органи, антидепресиви, антиеплилептици,  и  антипаркисоновци. Заради зголемување на пазарот со нови лекови  и овие се вклучени во позитивната листа.

Поголем избор на лекови ќе има за болести на желудник, намалување на масти во крв, антибиотици, алцхајмер, астма, карциноми, лекови против болки и покачена температура.

Антибиотиците оспен и цефалексин, матичните лекари отсега ќе може да ги препишуваат без никакви ограничувања, а шест генерики ќе може да се препишуваат за други болести на товар на фондот.

 

Измените во Позитивната листа  се однесуваат на следните лекови:

Ursodeoxycholic acid (Ursofalk), кој е наменет за третман на жолчка и жолчни патишта, а  сега може да го пропишуваат и специјалисти инфектолози и болнички педијатри;

Mesalazin (Mesalazin, Salofalk), за Кронова болест, билест на црева (кој спаѓа во групата на интестинални антиинфламатори) и сега може да го пропишуваат и болничките педијатри;

Аmiodarone (Amiodaron, Amiokordin, Cordarone), лек за срце, наменет за третман на аритмии , а сега може да го пропишуваат и лекари интернисти;

Levothyroxine (Euthyrox, Gothyrox, Thyro 4), наменет за третман на болести на штитната жлезда, што отсега може да го пропишува и избран лекар при хронична примарна хипотиреоза со следење на ефектот од субституционата терапија преку нивото на TSH најмалку еднаш годишно (од 0,4-4,5µU /mL);

Mycophenolic acid (Myfortic, Cellcept, Trixin, Mycophenolat mofetil Actavis), лек за трансплантации,  кој влегува во групата на имуносупресивни лекови, а сега може да го пропишуваат и болничките педијатри;

Tacrolimus ( Prograf, Tracsus), лек за трансплантации, кој влегува во групата на имуносупресивни лекови. Овој лек сега може да го пропишуваат и лекари хематолози.

Salmeterol, fluticasone (Seretide discus, Airflusal forspiro) и Budesonide, formoterol (Symbicort turbohaler) и Formoterol, beclometasone (Foster) и  Tiotropium bromide (Spiriva) кои влегуваат во групата на антитасматици сега може да го пропишуваат и интернисти и пнеумофтизиолози од центар за астма и ХОББ и пулмоалерголози.

Ursodeoxycholic acid (Ursofalk) кој е наменет за третман на жолчка и жолчни патишта, а  сега може да се пропишува за терапија на деца до 14 години болни од цистична фиброза и со алажил синдром;

Cefadroxil (Alycef, Duracef) и Cefuroxime (Zinnat, Xorimax, Aksef, Cefaks, Megasef, Inceptum-sanovel) и Cefaclor (Alfacet, Cefaklor Alkaloid) од групата антибиотици цефалоспорини,  што сега може да се пропишува и за генитоуринарни инфекции;

Amoxicillin (Sinacilin, Hiconcil. Moxilen, Almacin, Ospamox) што спаѓа во групата на бета лактамски антибактериски средства, а  сега може да се пропишува и за одонтогени (стоматолошки) инфекции;

Dydrogesterone (Dabroston), кој спаѓа во групата на полови хормони и лекови за третман на гениталниот систем сега може да се пропишува и за крварење во рана бременост; отсутна, скудна и ретка менструација;  обилна, честа и нередовна менструација;  друго означено ненормално крвавење од утерус и вагина.

Benzathine phenoxymethylpenicillin (заштитено име Ospen) со новите измени нема ограничување во делот на индикации, односно, истиот ќе може да се пропишува без ограничувања од матичните лекари кај бремените жени и малите деца;

Cefalexin (Cephabos, Cefalexin Alkaloid, Palitrex) со новите измени нема ограничување во делот на индикации, односно, истиот ќе може да се пропишува без ограничувања од матичните лекари, согласно регистрираните индикации за лекот.

Tamsulosin (Tanyz, Tamlos, Bazetham, Tanyz eras, Tamprost, Tamsulozin) и Finasterid (Finasteride Lek, Finpros, Proscar, Finasterid) и Dutasteride (Dutasteride) се брише индикацијата Артериска хипертензија во комбинирана терапија; по препорака на лекар специјалист интернист бидејќи лекот не е наменет за таа индикација;

Isosorbid mononitrat, лек за срце (едно ново заштитено име) се дополнува со формата „таблета со продолжено ослободување“

Metoprolol, лек за срце и покачен крвен притисок (едно ново заштитено име) се дополнува со формата „инјекции“.

Paracetamol, лек против болки и покачена телесна температура (три нови заштитени имиња) се дополнува со формата „инјекции„;

Venlafaxin, антидепресив (11 нови заштитени имиња) се дополнува со формата „капсули со продолжено/модифицирано ослободување“